fbpx

Калина е втората радост на семејството Ончевски!

Изразувам голема благодарност до д-р Павле Димчев, кој ми остави голем впечаток, пред сè како сталожен,внимателен и добар доктор и ми внесе целосна доверба. Исто така, изразувам благодарност до целиот тим на Одделот за гинекологија и акушерство. Посебна благодарност до тимот на неонатологија, кој деноноќно се грижеше за новородените бебиња и на мајките им даваше насоки за правилна грижа, доење итн. Целиот престој во „Аџибадем Систина“ беше едно прекрасно искуство.

На денот на отпуштање од болница,освен тато Влатко, по малата Калина дојде и бато Филип, кој има 8 години и вети дека како поголем брат ќе се грижи за сестричката.

Секако, тука беа и бабите Марија и Драгица, како и  прабабата Трајанка (88 год.) за која ова беше посебен ден бидејќи дочека да го види своето второ правнуче, вели мама Наташа.

Ги споделуваме нивните први фотографии и им благодариме за споделената приказна.