fbpx

Добредојде Војдан

“По 5 години и неколку неуспешни бремености, благодарение на д-р Лазаревски, д-р Кузеска и упорноста на д-р Петровска на деветти февруари го добивме малото ангелче Војдан. Голема благодарност до целиот тим на ИВФ, Одделот за гинекологија и акушерство и интензивна неонатологија. Благодарение на сите нив на 16.02.2018 си отидовме дома заедно со малиот Војдан“ – вели мама Мартина.

Честитки за мама Мартина и тато Кире за новата улога. На Војдан му посакуваме многу здравје и безгрижно детство!