fbpx

На 30 октомври се роди малиот Алексеј, а најрадосна за неговото доаѓање на свет беше маалата Јоана, која со нетрпение чекаше да го запознае својето братче. Среќата за втората принова не ја криеjа и Христина и Мики Цветковски. Како за малата Јоана, така и за Алексеј се грижеше д-р Бобан Сарџовски, доктор за кого од родителите слушнавме само пофални зборови.

„Голема благодарност до сите вработени на oдделот родилни сали за беспрекорната професионалност и љубезност. Но, нашата најголема благодарност би сакале да ја изразиме за д-р Сарџовски за целокупната грижа во текот на целата бременост“- истакнаа гордите родители.

Добредојде Алексеј во нашето големо Acibadem Sistina Baby семејството.Ти посакуваме безгрижно детство и многу насмевки.