Првите кобрендирани Diners/Acibadem Sistina кредитни картички подарок за мајките породени на Светскиот ден на здравјето

Катерина Штерјовска и Љиљана Ѓорѓевиќ покрај најубавиот подарок кој го добија на Светскиот ден на здравјето и воедно денот кога официјално пред 5 години е отворена болницата „Аџибадем Систина“, денес добија специјален подарок - новата кобрендирана Diners / Acibadem Sistina кредитна картичка.
Двете мајки ја имаа привилегијата да бидат првите корисници на новата картичка која покрај стандардните привилегии на членството на Diners Club нуди специјални попусти, платежни бенефиции и можност за плаќање на 12 рати на услугите во Клиничката болница „Аџибадем Систина“.
Покрај картичката, мајките го добија и стандардниот подарок од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ како дел од концептот Acibadem Sistina Baby – брендирана бебешка торба со информативен материјал и многу други подароци и изненадувања.