Малата Лавинија си оди дома

На денот на вљубените 14.02.2015 во 28 гестациска недела се роди Лавинија. Од овој ден нашиот тим предводен од д-р Станка Танчева беше целосно посветен во грижата за ова мало предвремено родено новороденче. По 69 дена поминати во Единицата за неонатална интенизвна нега со голема радост ја испраќаме во нејзиниот вистински дом, до мама Сузана и тато Сашо.