Лука

На 30.јануари заврши 65. ден од престојот на малиот Лука на Одделот за неонатална интензивна нега. Роден е во 27. недела од бременоста, на 26 ноември 2014 година. Од тогаш, нашиот тим педијатри, неонатолози беше целосно посветен во грижата за Лука... Дојде денот кога го препуштивме во најсигурните раце – во мама Ирина. Уште една среќна семејна приказна која ни ги стопли срцата. Им благодариме за прекрасните фотографии.