Нуајм си оди дома

Роден во 29-та недела од бременоста, но доволно силен да се избори со сите предизвици и денеска да замине во својот вистински дом. Пациентката ја породи д-р Александар Бојаџиев, а тимот предводен од д-р Антони Христовски, се грижеше Нуајм да ја има најпрофесионалната грижа и нега. По 68 дена минати на Одделот за неонатална интензивна нега заедно се радуваме на неговиот нов почеток.