Галена во прегратките на мама и тато

По 26 дена поминати на Одделот за неонатална интензивна нега, малата Галена денеска си замина дома. За неа се грижеше тимот педијатри, неонатолози предводен од д-р Александар Сајковски. Мама Гордана со нетрпение го чекаше овој ден, кога ќе ја земе во прегратка малата принцеза ... Галена е најубавиот подарок за младото семејство Клинчарови. Родена е на ист ден со тато Мартин, 3. јануари, во 31. гестациска недела. Им благодариме што овие фотографии ги споделија заедно со сите нас.