Немања Прибак доби син во „Аџибадем Систина“

Македонскиот ракометен репрезентативец Немања Прибак стана татко по втор пат. На 25 август во „Аџибадем Систина“ тимот предводен од д-р Никола Панчевски го донесе на свет новиот член на семејството Прибак.
Малиот Огњен е второ дете на Наталија и Немања. Четири ипол годишната Софија е родена во Франција, каде семејството Прибак живееше извесен период заради професионалните обврски на Немања.

„Првото искуство беше навистина одлично. Во болницата во Франција, Наталија доби професионална грижа каква што секоја мајка заслужува. Од таа причина, одлучивме со второто дете да се породи во реномирана болница која нуди поддршка и одлични услови. Сите препораки кои сум ги слушнал за „Аџибадем Систина“ се позитивни и немавме дилема за изборот.“, вели Немања
„Тука сум презадоволна од сè, почнувајќи од професионалноста на д-р Панчевски. Со него се познаваме многу одамна. Тој беше одговорен за мојата бременост. Сите сестри и доктори се толку љубезни и грижливи, ни даваат совети за доењето и постојано се тука за нас.“ , надополнува Наталија.
Отсуството од дома кое го налага неговата професија, Прибак го надополнува максимално кога е слободен. Наталија вели дека тој е одличен татко. За ќерката Софија се грижел сам уште од првиот ден.
„Тој е секогаш до мене и е мојата поддршка. Беше до мене и за време на двете породувања во родилната сала. Софија ја бањаше, пресоблекуваше и чуваше сам, навистина многу ми помага во секојдневните обврски. Сигурна сум дека ќе биде подеднакво грижлив и одговорен и со Огњен.„ вели Наталија.
По престојот во „Аџибадем Систина“ семејството Прибак ќе замине во Ниш. По неколку месеци новата животна дестинација на целото семејството ќе биде Турција, поради професионалниот ангажман на Немања во турскиот ракометен клуб „Бешикташ“.