Одржано предавање за задолжителни скрининзи во бременоста

Во рамките на проектот Acibadem Sistina Baby се одржа едукативно предавање на тема „Задолжителни скрининзи за секоја трудница“. Со совети за здрава бременост на присутните трудници им се обрати д-р Корнелија Трајкова, специјалист по гинекологија и акушерство.

Трудниците беа особено заинтересирани и со свои прашања активно се вклучија во предавањето. Нашите пријатели соработници во проектот за секоја трудница која беше дел од настанот обезбедија пригодни подароци.

Едукативните предавања за здрава бременост се одржуваат секоја среда, со почеток во 19 часот, во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Истите се бесплатни и се наменети за сите заинтересирани бремени жени. Идните мајки имаат можност да добијат стручни совети и препораки за здрава бременост.