Како да се храните здраво во бременоста?

Сите знаеме дека кога сме бремени не треба да јадеме за двајца, но постои ли „формула“ за тоа што треба да јадеме за нашето малечко да ги добие сите потребни хранливи материи? „Како да се храните здраво во бременоста“ беше тема на едукативното предавање кое се одржаа оваа недела од страна на д-р Александра Хаџи Димова, диетолог во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. И оваа недела трудниците со интерес го проследија предавањето и со свои прашања активно се вклучија во дискусијата. Нашите пријатели пак за сите присутни трудници подготвија интересни подароци.

Едукативните предавања се бесплатни и се одржуваат секоја среда во 19.00 часот, а се дел концептот Acibadem Sistina Baby.