Кога е неопходно да го посетите вашиот гинеколог?

На вчерашното едукативно предавање за бремени жени, д-р Александар Бојаџиев, гинеколог-акушер од Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ги информираше идните родители за сите промени и состојби во бременоста за кои неопходно е да го консултираат својот матичен гинеколог.

Од голема важност за сите идни мајки е редовното следење на промените во бременоста, бидејќи голем број од нив се нормално очекувани како резултат на хормонските промени.  Д-р Бојаџиев ги објасни сите вообичаени промени кои може да се случат во секој триместар од бременоста, со акцент на крвавењата кои предизвикуваат најголема паника кај бремените жени. По предавањето, секоја од трудниците имаше можност да постави прашање и да го раскаже своето искуство. За сите присутни и оваа недела подготвивме симболичен подарок.

Предавањето е дел од едукативните предавања која секоја среда со почеток во 19.00 часот се одржуваат во Клиничката болница Аџибадем Систина. Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани идни родители. Закажете го вашето присуство на 02 30 99 500.

Следното предавање на 30.09 (среда) е на тема Физичка активност и орална хигиена за време на бременост. Предавачи ќе бидат специјалист физијатар и стоматолог, како и акушерка од „Аџибадем Систина“.