Спонатно породување или царски рез?

Спонатно породување или царски рез?

На вчерашната едукативна средба д-р Даниела Јованова, гинеколог – акушер од  „Аџибадем Систина“  упати стручни пораки и совети во однос на двата начини на породување. Присутните идни родители имаа можност да слушнат важни информации за предностите на спонтаното породување, фазите на породување, знаци и подготовка за породување, што да очекувате за време на породувањето и сл. Составен и најважен дел од овие средби е делот наменет за прашања и одговори, каде се споделуваат искуства со цел да се надмине стравот и неизвесноста од чинот на породувањето.

Предавањето на тема „Спонтано породување или царски рез“ е дел од едукативната програма за идни родители која Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја организира секоја среда со почеток во 19:00 часот. Предавањата се бесплатни и може да присуствуваат сите заинтересирани идни родители. За учество во програмата регистрирајте се во Контакт центарот на „Аџибадем Систина“ на 02/ 30 99 500.

Погледнете ја целосната програма на предавања и бидете дел од нашите едукативни средби за здрава и безбедна бременост.