Едукативно предавање - безболно породување и видови анестезија

Чинот на раѓање е највозвишениот момент за секоја жена, затоа очекувајте го со многу љубов и смиреност. Ова се дел од советите кои Д-р Маргарита Ловач Чепујноска им ги пренесе на идните мајки на вчерашното предавање на тема безболно породување и видови анестезија. Присутните имаа можност да слушнат информации поврзани за двата типа на обезболување – , како и за индикациите за нивна употреба.

Со оглед на тоа што за повеќето од присутните учесници бременоста е прво искуство, по предавањето следуваа многу прашања на кои со задоволство одговори докторката.

Предавањето на тема „Безболно породување и видови анестезија“ е дел од едукативната програма за идни родители која Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја организира секоја среда со почеток во 19:00 часот. Предавањата се бесплатни и може да присуствуваат сите заинтересирани идни родители. За учество во програмата регистрирајте се во Контакт центарот на „Аџибадем Систина“ на 02/ 30 99 500.

Погледнете ја целосната програма на предавања и бидете дел од нашите едукативни средби за здрава и безбедна бременост.