Како правилно да се грижите за новороденчето

Грижата за новороденчето има правила кои низ годините се утврдувале, менувале и адаптирале зависно од покажаните резултати и успеси, но основата во грижата е мајчинскиот инстинкт и потреба да го заштитите и да му го дадете најдоброто на вашето малечко.

Предавањето посветено на негата на новороденчето наиде на голема заинтересираност кај идните родители кои со голема заинтересираност ги следеа сите совети и препораки на д-р Снежана Палчевска, педијатар, неонатолог. Како да се грижат за папочето, која е оптималната температура за престој, што ги предизвикува бебешките грчеви, инструкции за доење и важноста на мајчиното млеко, дали се препорачува широкиот повој и уште многу други елементи во грижата на новороденчето беа објаснети од д-р Палчевска. По предавањето, следуваа и многу прашања од младите родители, кои докторката со задоволство ги одговори.

Ни претставува задоволство што едукативните предавања од недела во недела добиваат сѐ поголема посетеност. Информираноста е основа за донесување на правилна одлука за грижа за сопственото здравје и здравјето на нашите најблиски. Ве покануваме следната среда да бидете дел од предавањето на тема Нега на кожата во бременост, каде што специјалист педијатар ќе ги презентира сите информации поврзани за здрава и негувана кожа на мајката и новороденчето. Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани. Потребно е само да го регистрирате вашето присуство на 02/ 30 99 500.