Кожата бара посебна нега во бременоста

Бременоста е период во кој покрај здравјето за бебето, треба да се грижите и за здравјето на кожата, посебно во оние делови на телото кои претрпуваат промени (стомакот, градите, нозете ... ). Под влијание на хормонските промени, кожата е значително почувствителна и бара посебна нега за време на бременоста како и во периодот после породувањето. На вчерашното едукативно предавање д-р Весна Пљакоска даде стручни совети и препораки за правилна нега на кожата за време на бременоста и периодот кој следува. Посебен интерес на предавањето беше превенцијата на стриите и нивен третман како најчест проблем со кој се соочуваат идните мајки.

Со ова предавање се заврши првиот циклус едукативни предавања за идните родители. Од следната среда започнуваме со вториот циклус предавања на исклучително важни  теми кои ќе ви обезбедат стручни информации за здрава и сигурна бременост. На 4-ти ноември д-р Ирена Шуплиновска Јордановска ќе одржи предавање на тема – задолжителни скрининзи за време на бременоста. Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани идни родители. Регистрирајте го вашето присуство на 02/ 30 99 500.