Како до безболно породување

Како ќе се одвива чинот на породување и како ќе ги „издржам“ породилните болки се прашањата на секоја трудница. Слушајќи ги искуствата на веќе породени мајки сѐ повеќе се зголемува стравот и неизвесноста од самото раѓање. Но, запомнете дека бременоста е индивидуална, а со тоа и чинот на породување е различен кај секоја жена. Затоа, опуштете се и очекувајте го раѓањето на вашето бебе релаксирано.

Присутните идни родители на вчерашното предавање имаа можност да ги дознаат сите информации поврзани за болката која ја предизвикуваат контракциите на матката и самиот чин на породување. Д-р Маргарита Ловач Чепујноска ги информираше за двата начина на обезболување епидуралната и спинална анестезија, како и за индикациите за нивна употреба. По предавањето следуваше делот наменет за прашања и одговори и размена на искуства.

Предавањето на тема „Безболно породување и видови анестезија“ е дел од едукативната програма за идни родители која Клиничката болница „Аџибадем Систина“ ја организира секоја среда со почеток во 19:00 часот. Предавањата се бесплатни и може да присуствуваат сите заинтересирани идни родители. За учество во програмата регистрирајте се во Контакт центарот на „Аџибадем Систина“ на 02/ 30 99 500.

Погледнете ја целосната програма на предавања и бидете дел од нашите едукативни средби за здрава и безбедна бременост.