Совети за грижа на новороденчето по породување

Мајчинството е една од најодговорните улоги, па оттаму и потребата на идните мајки да дознаат што е можно повеќе информации за негата и грижата на новороденчето. По заминување од болница следува период кога мајките ја преземаат целосната грижа над новороденчето и потребно е да бидат информирани за сите принципи на нега.

На вчерашното предавање д-р Симонида Спасевска, педијатар неонатолог ги објасни основните информации кои треба да ги знаат родителите за грижата на новороденчето. Какви треба да бидат условите во собата за дневен престој, грижата и негата на папочето, предностите на доењето, негата на кожата на новороденчето и уште многу други стручни совети беа дел од едночасовното предавање на д-р Спасевска. Посебен дел од предавањето беше наменето за прашања на идните мајки кои на едукативното предавање дојдоа со веќе подготвени прашања.

Со предавањето кое ќе се одржи следната среда (23.12) се заокружува вториот циклус едукативни предавања за здрава бременост. Следната тема е нега на кожата во бременост. Третиот циклус предавања ќе започне по новогодишните и божиќни празници на 13.01 (среда).