Негувајте ја кожата во бременост

 

Кожата е најголемиот орган на човечкото тело, кој дополнително се зголемува во бременоста. Со растењето на стомакот, кожата се истегнува со што сè повеќе губи од нејзината еластичноста. Затоа од голема важност е хидратација на кожата во овој период. Намалете ја употребата на гелови и средства кои дополнително ја сушат кожата, а кремата нанесувајте ја неколкупати во текот на денот. Во летниот период кога УВ зраците се највисоки избегнувајте директен контакт со сончевите зарци, а доколку мора да се изложите на сонце задолжително нанесете заштитен фактор. Во периодот на бременост зачестена е и појавата на пигментации кои претставуваат нормална појава и не треба да ве загрижуваат. Ова се дел од советите кои д-р Андреј Петров им ги порача на присутните идни родители.

Предавањето наиде на голем интерес кај трудниците кои за своите дилеми отворено разговараа со д-р Петров.

Од следната среда започнува новиот циклус на предавања. Во прилог е програмата со распоред на темите.