Д-р Александар Сајковски со стручни совети за грижа на новороденче

Основните принципи за нега на новороденчето овој циклус ги презентираше д-р Александар Сајковски, педијатар неонатолог од „Аџибадем Систина“.  Присутните трудници кои редовно ги посетуваат едукативните предавања во болницата се изјаснија дека ова е едно од најважните предавања од целиот циклус.

„Досега присуствував на сите предавања, но вечерашново предавање и предавањето за безболно породување ми оставија најголем впечаток. “ вели М.А која е во 35-та недела од бременоста.

По стручниот дел, посебен дел од предавањето беше наменето за прашањата на идните родители на кои со задоволство одговараше д-р Александар Сајковски. И во овој циклус, предавањето наиде на голем интерес кај идните родители посебно кај оние за кои бременоста е прво искуство.

Следното предавање на тема - Нега на кожата во бременост ќе се одржи следната среда (04.05). Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани.