Кожата бара посебна нега во бременоста

Голем број промени во бременоста поврзани со еластичноста, пигментацијата и чувствителноста на кожата се очекувани и нормални, но сепак доколку се појават потребно е да се консултирате со дерматолог. Посебно за промените на бенките, кои во бременоста се очекувани. Изложеноста на сонце е дополнителен ризик за здравјето на кожата и бремените жени треба соодветно да ја заштитат кожата кога УВ зраците се најштетни. Хидратацијата на кожата е од исклучително значење во овој период, особено во третиот триместар кога кожата најмногу се растегнува. Ова се само дел од препораките кои д-р Весна Пљакоска, дерматолог од „Аџибадем Систина“ им ги посочи на присутните идни мајки на вчерашното предавање.

Секоја бременост е индивидуална и на најразличен начин се манифестира, па токму затоа трудниците имаа најразлични прашања до д-р Пљакоска поврзани за проблемите со кожата со кои се соочуваат.

Со ова предавање завршува третиот циклус едукативни предавања за здрава бременост и подготовка за породување. Следната среда (11.05) на тема – Задолжителни скринизни за време на бременоста ќе предава д-р Ана Кацарска, гинеколог акушер. Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани идни родители. Во продолжение е новата програма со распоред на теми.