Предавање во „Аџибадем Систина“ – Спонтано породување или царски рез

Оваа среда д-р Корнелија Трајкова одржа предавање за спонтано породување и царски рез. Присутните трудници имаа можност да се информираат за двата типа на породување, за предностите на спонтаното породување, за состојбите кои бараат бременоста да заврши со царски рез... Главниот интерес на сите трудници беа фазите на спонтаното породување, како започнува, колку трае, колкава е болката и како бебето го доживува раѓањето.

Подарок за секоја трудница од Медела

По повод Светската недела на доење (1-7 август) нашите пријатели од Medela на сите присутни трудници им подарија сет производи за поддршка на доењето.

Следната среда (10 август) ќе се одржи бесплатно предавање за безболно породување и типови анестезија. Предавач ќе биде специјалист анестезиолог од Аџибадем Систина. Пријавете го вашето присуство на 02/ 30 99 500. Сите трудници ќе добијат симболичен подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.