Исхрана за време на бременост (Видео)

По дознавањето на веста за бременоста, секоја жена започнува да го планира дневното мени. Точно е дека хранливите материи кои ги внесува бремената жена во голема мера влијаат на растот и развојот на плодот, но и на самата трудница. Факт е дека не треба да јадете за двајца. Храната треба да биде добро избалансирана така што во текот на денот ќе ви ги обезбеди сите потребни хранливи состојки за здрава бременост и здраво бебе.

На оваа тема, стручни совети ќе ви даде д-р Александра Хаџи-Димова, нутриционист од „Аџибадем Систина“. Во нејзината секојдневна пракса со бремените жени, таа им ги истакнува основните намирници кои им се потребни.

Слушнете ги стручните совети на д-р Хаџи-Димова