На 11. јануари започнува новиот циклус предавања за трудници

Драги наши идни мајки, ве известуваме дека новиот циклус на бесплатните предавања за здрава бременост започнуваат на 11. Јануари. Првото предавање е на тема – Промени во бременоста за кои е потребен лекарски преглед, а предавач е гинеколог –акушер.

Со задоволство ве очекуваме да дојдете и заедно да се едуцираме за здрава бременост. Секоја трудница на предавањето добива и подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели.

За да го најавите вашето присуство потребно е да се јавите во нашиот Контакт центар на 02 30 99 500. Погледнете ја целата програма