Се роди Марко

Мама Сања, тато Зоран и двегодишниот батко Дариан си добија нов член во семејството. На 8 јуни се роди малиот Марко Гацов. Малиот убавец на свет го донесе д-р Александар Бојаџиев, кој се грижел за двете бремености на Сања.
Гордите родители изразија огромна благодарност до д-р Бојаџиев што по вторпат им го разубавил животот.