fbpx

Тимот д-р Лазаревски и д-р Дракулевски го оствари нашиот сон

Мама Вероника и тато Илија на 4 август ја добија својата прва принова, големиот борец и јунак, синот Филипе Георг. "За остварувањето на нашиот сон особена благодарност би сакале да изразиме до д-р Слободан Лазаревски, професионалец и стручњак од светски размери кој се грижеше за мојата бременост, и на д-р Слободан Дракулевски, кој на свет го донесе нашиот син без ризик по животот на мајката и бебето. Не би сакале да ги заборавиме и сестра Анита и сестра Анета за нивниот професионализам, позитивен и пријателски однос, како и целиот персонал од неонатологија кој го олесни пост-породилниот престој во вашата болница." - раскажаа гордите родители.