fbpx

5. недела

Во 5.недела, почнува периодот во кој мозокот, `рбетниот столб, срцето и другите органи на ембрионот почнуваат да се формираат. Првите отчукувања на срцето на ембрионот се случуваат во оваа недела. Фолната киселина се препорачува да ја земате уште од самиот почеток, а подобро и пред зачнувањето. Таа претставува витамин Б9, кој доколку се употребува во бременоста помага `рбетниот канал на вашето бебе правилно да се развие и затвори, a со тоа се спречуваат 50-70% од аномалиите на невралната туба.

Најважно од сè е да се подготвите за периодот што следува. Многу идни мајка го опишуваат првиот тирместар како најтежок период од бременоста, но тоа не мора да биде и кај вас. Промените кои се случуваат во бременоста се индивидуални и различно се манифестираат. За да се справите со првите симптоми, пред сè одморете се и јадете почесто, но помалку оброци и првиот избор да биде здрава храна.

Вашето бебе е со големина на семка од јаболко

Во петтата недела бебето е 1,5 - 2,5 мм. Во овој период доаѓа до интензивен раст и развој на ткивата и органите на плодот. Развојот е толку брз што следната недела ќе ја удвои големината.

Симптоми што најчесто се присутни оваа недела

Во петтата недела почнуваат да се формираат главните органи (срцето, желудник, црн дроб и бубрези) како и да се развиваат системот за варење, системот за циркулација и нервниот систем.

Хормоните на бременоста полека почнуваат да ги манефистираат раните знаци на бременост

  • Отечени и болни гради.
  • Мачнини и замор.
  • Истотака можно е веќе да почнете често да мокрите.

Советуваме

Одберете гинеколог- акушер на кој му верувате. Првиот преглед кај гинеколог е од голема важност. Гинекологот ја потврдува бременоста и ќе утврди дали вашето бебе е правилно сместено во шуплината на матката.

Не заборавајте да ги пиете пренаталните витамини

Пред да земете какви било лекарства, осигурајте се дека се безбедни за плодот

Почнете да водите дневник на бременоста, каде може да си ги забележувате симптомите кои ги чувствувате, развојот на бебето од почетокот па сè до породувањето. Сигурно ќе сакате да забележите кога првпат го почувствувавте вашето малечко во стомакот.