fbpx

Сега сме комплетни..

Отсекогаш сакавме три деца и желбата ни се оствари. Едно би било осамено, две би се натпреварувале, а три се веќе тим! Сега кога тимот е создаден, се надеваме дека ќе биде сложен и успешенБескрајно сме им благодарни на д-р Елизабета Матевска Атанасовска, д-р Клементина Кузеска, д-р Станка Танчева Крстевска, акушерката Елизабета Крстевска и медицинските сестри од Oдделот гинекологија и акушерија за уште едно прекрасно и незаборавно искуство. Нашата најмала принцеза ќе има многу љубов и поддршка од постарите сестрички и барем извесен период ќе ужива во најмногу внимание од мама и тато. Затоа, како заокружување на нашето семејство, сите наши имиња ги вклопивме во нејзиното...од првите букви на Елена, Нела, Ален и Александра –ЕНА“ – сподели со нас мама Ели.
 
Ѝ посакуваме на Ена безгрижно детство, а на мама Ели и тато Ален многу среќни мигови со нивните три принцези!