fbpx

Се роди нашата трета среќа, Петра

 
На 16 октомври се роди нашата мала Петра, третата среќа на Јасмина и Васе Николовски. Покрај неизмерната радост на родителите, среќата за сестричката не ја криеjа и малите Јована и Ана. Гордите родители изразија посебна благодарност до д-р Елизабета Матевска-Атанасовска, која се грижела за целата бременост, но и за медицинските сестри од Одделот за неонатологија, кои безрезервно им пружиле помош и ги едуцирале младите мајки, објасни мама Јасмина.
„Д-р Матевска е вистински професионалец и  прекрасна личност. Таа ги водеше сите три бремености и со нејзина помош на свет ги донесов нашите три ќерки. Затоа уште еднаш од  сѐ срце. ви изразувам голема благодарност“- изјави Јасмина.