fbpx

Остварена уште една новогодишна желба

Мама Драгица и тато Александар Стојанови го добија најскапоцениот подарок за Нова година од Дедо Мраз, малиот Андреј.

Среќните родители изразија голема благодарност до д-р Павле Димчев и д-р Ирена Шуплиновска Јордановска за големата поддршка и совети во бременоста. Пофалби и за целиот персонал во болницата за беспрекорната нега и грижа за време на престојот.