fbpx
Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

 

Доколку сте бремени, ќе слушнете многу приказни за тоа како да го дознаете полот на бебето сè до трикови за полесно породување. Но, треба особено да бидете внимателни со митовите околу зголемувањето на телесната тежината и бременоста. Oдржувањето здрава телесна тежина е важно за намалување на ризици како гестациски дијабетес, кој се појавува само во бременоста, проблеми со крвниот притисок, па дури и прерано породување.

 

Мит: Бремена сум, морам да јадам за двајца!

Факт: Реално вам ви се потребни околу 300 дополнителни калории дневно за вас и вашето бебе – а тоа е помалку храна отколку што си мислите. На пример, една павлака, парче овошје и парче леб со семки ќе додадат 300 калории во вашата исхрана.

 

Мит: Нормално е наеднаш да ја зголемите телесната тежина во текот на бременоста

Факт: Колку килограми треба да качите во бременоста зависи од вашата претходна тежина. Ако имате нормална тежина, тогаш во текот на бременоста треба да се здебелите од 11 до 13 килограми. Доколку имате малку повеќе килограми од нормалната тежина, тогаш во бременоста ви е дозволено да качите од 6 до 10 килограми. Во случај да сте екстремно над нормалната тежина, тогаш во бременоста не смеете да ја надминете границата од 6 до 9 килограми.

 

Мит: Губењето тежина за време на бременоста може да му наштети на развојот на бебето

Факт: Доколку имате вишок килограми, а за време на бременоста не ја зголемувате телесната тежината или, пак, ослабнете неколку килограми, тоа се смета за плус за вас и вашето бебе. На овој начин може да го намалите ризикот од гестациски дијабетес или предвремено породување.

 

Мит: Во ред е да ги задоволите своите потреби

Факт: Секоја храна не е соодветна за трудниците. На пример, важно е да го редуцирате внесот на солена храна. Бидете сигурни дека вашите потреби за храна се дел од здравата исхрана и со тоа не внесувате премногу калории.