fbpx
Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

Во првиот ден од јули се роди Давид. Мало, слатко и мирно бебенце – најголемата радоста на мама Костадинка. Бидејќи се роди неколку дена порано од предвиденото, мораше да остане на Одделот за неонатална интезивна нега. Д-р Станка Танчева-Крстевска беше задолжена за неговото здравје додека тој е сместен на овој оддел. За среќа, тимот на доктори по само неколку дена одлучи дека овој јунак може да си оди дома. Со радост на лицето, мама Костадинка Соколовска едвај чекаше да си појдат заедно дома.

„Благодарам на целиот тим на ‘Аџибадем Систина’, благодарам и на докторите кои несебично се вложуваат во секоја животна приказна и се трудат да нè направат среќни. Д-р Гордана Петровска е навистина огромен професионалец и и благодарам за сè што направи за мене и Давид. Имавме одлична комуникација и односот пациент-доктор направи многу лесно да ги поминам последните месеци од бременоста. Со докторката се најдовме на иста бранова должина и сето тоа резултираше со она што од денес е највредно нешто за мене – Давид. Имате тим од вистински професионалци, кои се најдобри во она што го работат. Сакам да ги охрабрам сите жени, дека не секогаш возраста треба да е пречка за потомство. Барем денес, кога технологијата е развиена до највисок степен, никогаш не е доцна за една жена да се реализира како мајка. Јас и Давид сега сме семејство, а јас сум најсреќната мајка на светот. ‘Аџибадем Систина’ ви благодарам за сè“- ни откри 51-годишната Костадинка.