fbpx
Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

Да се биде родител е најпрекрасното нешто на светот, а ако, пак, сте родител на две деца чувството е уште поубаво. Маја и Марјан на 12 јули станаа родители по втoрпат. Во последниот работен ден од втората недела од јули се роди малиот Максим Тенев.

„Како и за првата бременост, така и за бременоста со Максим наш доктор беше Јорданчо Иванов. Му благодариме за сè што стори за нас. Пред две години на свет ни ја донесе Миа, а сега нè израдува со Максим. Одлуката за името беше заедничка, сакавме сите да ја имаме истата прва буква во името“ – ни откри мама Маја.

Максим, Миа, Маја и Марјан, ви благодариме што ги споделивте вашите фотографии со нас.