fbpx
Бременост недела по недела

Алатки

Следење на плодностСледење на бременостСледење на бебиња

По еден релативен период на страдање од стерилност или необјаснив непрофесионализам на гинеколозите со кои соработував, почнав да анализирам биографии на гинеколози од регионот. Не планирав да се откажам без оглед на тоа што ми кажаа дека шансите да станам мајка ми се еднакви на нула. Разлистувајќи низ професионалните биографии силен  впечаток ми остави една. На 22 октомври 2015 година, првата порака не е-пошта ја испратив на адреса на д-р Јорданчо Иванов од Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Напишав... докторе, ми треба помош. На 29 октомври 2015 година се оствари првата средба, првиот разговор. Неговата прва реченица беше: Ќе станете родител... на еден или друг начин ќе станете мајка. Од тој ден започна нашето заедничко патување кое не беше воопшто лесно.

Декември 2015 година, првата бременост. Бевме среќни, но и исплашени. Имав високоризична бременост. Само што ќе решевме еден проблем, се појавуваше друг. 30 недели патолошка бременост, строго мирување, лежење во кревет. 30 недели хормонска терапија. Единственото раздвижување беше патувањето до болница на релација Приштина - Скопје. Во 30. недела од бременоста се роди Дарис. По десетдневна битка за неговиот живот, десетдневна драма, а како десет години за мене како мајка, за жал, го изгубивме Дарис.  Се вратив назад дома со ковчег. Длабока депресија, изгубени надежи, прв сериозен удар од животот.... ништо веќе немаше значење за мене. Но, д-р Иванов не се откажа од мене. Токму тој беше оној кој ме мотивираше да почнеме повторно од почеток, беше претешко за мене. Треба, ќе пробаме повторно, инсистираше, не се откажуваме.

Во јануари 2016 повторно се сретнав со д-р Иванов. Овој пат средбата беше надвор од болницата „Аџибадем Систина“ бидејќи за мене беше претешко да се соочам со истата средина каде што ми излезе душата. Докторе, повторно одиме заедно?, го прашав. Секако, ми одговори. Почнавме повторно заедно. Благодарение на неговиот професионален третман, останав бремена по вторпат. Секојдневно бев во комуникација со д-р Иванов, 24 часа на располагање. Не беше воопшто лесно, бидејќи психички се оптоварив, страдав од последиците од првата загуба и истовремено повторно се соочив со високоризична бременост. Д-р Иванов не само што беше докторот кој ми ја водеше бременоста туку и психолог, другар, ја водеше битката, борец, веќе станавме семејство. 34 недели строг режим, мирување во кревет, хормонска терапија, морална, професионална, а понекогаш и психичка поддршка од д-р Иванов и персоналот од Одделот за гинекологија и акушерство. Два и пол месеци бев хоспитализирана во соба бр. 3024, на третиот кат. Едноставно, јас бев станар во болницата и имав уште едно семејство. Бев толку поврзана со д-р Иванов, само нему му верував, неговиот збор за мене беше закон, секој совет внимателно го следев што некогаш и претерував со желбата сè да биде добро. Не беа малку и случаите кога д-р Иванов требаше да дојде од дома за да се уверам во нешто што дежурниот доктор го предлагаше. Сигурно не беше лесно, нели?! :)

Хана се роди во 34. недела токму на истиот ден  која нејзиниот брат Дарис нè напушти и го доби статусот на ангел. Благодарение на професионалниот тип од Одделот за неонатологија, д-р Станка Танчевска-Крстевска, д-р Антони Христовски, кои беа посебно внимателни, Хана беше здрава. Се вративме дома среќни и истовремено уплашени. Се борев со депресија по породувањето. Чувството да не можеш да го држиш своето дете кое со толкава жртва си го донел на свет е ужасно. Поминавме период полн со стрес и конечно почна периодот наречен стабилизирање. На Бога му се молев за здравјето на Хана, бев исполнета. Станав мајка на две деца, еден ангел на земјата и еден на небото. На 8 јануари 2019 година му пишав повторно на д-р Иванов: „Почитуван докторе, се надевам добро сте. Мислам дека сум бремена, се случи спонтано“. Одговорот на докторот: „Супер Ведиа“. Бев зачудена, преплашена. Не верував дека ќе ми се случи ова, да забременам без лекарска асистенција по двете стимулирани бремености и целиот тој третман. Се сретнавме во амбуланта. Се прегрнавме пријателски. Докторе, мојата желба за дете е голема, знаете и сами, но не сум подготвена, ниту психички ниту физички, знам ќе страдам многу, така што мислам дека најдобриот начин е... Неговиот одговор беше не, ќе го носиш, ќе успееме, тоа е дар од Бога, ни испрати знак, а нам ни преостанува да го дадеме својот максимум да ја завршиме нашата работа и да му оставиме на Бога да одлучи.

Трета високоризична бременост, но веќе мојот доктор беше многу  добро запознаен со мојата анамнеза како пациент и како личност. Секојдневен контакт, постојано внимание од д-р Иванов. Кај мене се забележуваше промена во расположение. Имаше моменти кога мислев дека е крај. Но д-р Иванов не планираше да се откаже така што му верував со цела таа негова енергија.  Дојде моментот кога мојата здравствена состојба почна да се влошува. Мојата интуиција веќе ми велеше, знаев дека нема да биде лесно пак, се обидов да бидам спремна на сè. Повторно се вратив во мојот втор дом, болницата „Аџибадем Систина“. Ништо не беше сменето, само овој пат ме чекаше соба бр.3026. Добре дојде повторно дома, ми рекоа медицинските сестри: Ирена, Ивона, Тања, Мартина, Бети, Мими, Наталија...и други кои немам можност да ги набројам.  Почна 24-часовен мониторинг, почна маратонот, битката, солзи, смеа, страв имавме од сè по малку.  Утро, ден четврток...едноставно почувствував,бевме блиску, ниту телото ниту умот не можеа да се справат со тоа. Итно ме однесоа во сала. Моето сонце Денис реши да дојде на свет порано и од неговата сестра Хана,  беше уште помал. Го слушнав неговиот прв плач.

Првите раце кои го зедоа беа рацете на д-р Иванов, а потоа беше предаден во најсигурните раце на д-р Душко Фидановски и сестра Снежана. Ми беше потребна само помошта од Бога, а што се однесува на професионализмот, бевме во сигурни раце.  Првата насмевка на д-р Фидановски и д-р Иванов беше првиот знак дека работите одат на добро, сепак предизвик е времето за лекување на дете родено во 32. недела. Полека но сигурно моето сонце Денис почна да си доаѓа на себе. Престој од 30 дена на НИН.

Го посетував секој ден, му пеев песнички, му раскажував приказни. Љубов, внимание и голем професионализам покажа тимот од Одделот на неонатологија на чело со д-р Душко Фидановски, д-р Антонио Христовски, д-р Снежана Палчевска, и д-р Станка Танчева, потоа сестрите Снежана, Сашка, Весна, Ане, Данче, Сунчица и сите други кои беа спремни да ни помогнат и поддржат со нивната позитивна енергија и за најмалата грижа што  ја имавме. Дојде моментот кога бевме спремни да си одиме дома сите заедно среќни и да се поздравиме со нашето второ семејство. Ова е мојата приказна и на моите херои, животната лекција што ја добив. Дали беше случајно или намерно од Бога, не знам, ама од моментот кога се сретнав со д-р Иванов мојот живот доби сосема друг правец и сега д-р Јорданчо Иванов е еден од највлијателните личности во мојот живот.

Им благодарам на тимот на Одделот гинекологија и акушерија, одделот на НИН на чело со д-р Душко Фидановски, д-р Антони Христовски и сите медицински сестри кои беа најнежни со најчувствителните битија на свет, предвремено родените деца.