fbpx

Нина си доби сестричка, малата Маја!

Уште една мала принцеза стана член на нашето големо Аџибадем Систина Baby семејство! На свет ни дојде малечката Маја, која е втората радост на мама Нела и тато Ицо, и која исто како и нејзината поголема сестричка Нина се роди во „Аџибадем Систина“.

„Двете наши убавици се родени во 'Аџибадем Систина' бидејќи ја имавме честа да ја запознаеме најдобрата докторка, д-р Клементина Кузеска, која нè водеше низ целиот процес. Таа нè израдува двапати и се надеваме дека ќе има и третпат!“ – велат гордите родители Нела и Ицо Трајаноски.

Маја, твоето Аџибадем Систина Baby семејство ти ја посакува сета среќа, радост и безгрижни насмевки на овој свет!

Подолу ги споделуваме првите фотографии на среќното семејство.