Ивана и Борис Поповски уште кога ја дознале веста дека ги очекува принова во семејството почнале да се подготвуваат за доаѓањето на својот нов член. Но, малата Тамара решила да ги изненади мама и тато, па на свет дошла 8 недели порано.
Болките во стомакот и честите повраќања кај Ивана почнале во 31. гестациска недела. Како што поминувале деновите, така ситуацијата се влошувала. Па во 32. гестациска недела со возило на брза помош пациентката од Пехчево била примена во Клиничката болница „Аџибадем Систина“. Докторите ја увиделе сериозноста на случајот и веднаш ги презеле сите мерки за уредно породување. Утрото на 25 септември во 3 часот и 40 минути д-р Ана Кацарска на свет ја донесе малата Тамара.
И тогаш кога требало целото семејство да се радува на новиот член, ситуацијата се комплицирала. Болките што Ивана ги чувствувала пред породувањето продолжиле. Нагоните за повраќање само го зголемувале интензитетот.
Неколку дена по породувањето Ивана ја префлиле од Одделот за гинекологија и акушерство на Одделот за дигестивна хирургија како итен случај. За само 4 дена Ивана подлегнала на уште една операција, која ја извела д-р Фросина Адамовска.
„Немам зборови со кои би можела да ја искажам мојата огромна благодарност до целиот тим овде. Докторите од ‘Аџибадем Систина’ спасија два живота. Мојот и на мојата ќерка Тамара. Од сè срце сум благодарна на д-р Ана Кацарска, д-р Фросина Адамовска, д-р Душко Фидановски и на целиот персонал од неонатална интензива нега и дигестивна хирургија. Во првите денови од раѓањето, кога морав да направам уште една операција, сестрите од NICU беа вторите мајки на моето дете. За среќа, по 18 дена престој тука, неизмерно среќни си заминавме дома“- објаснува Ивана.
https://acibademsistinababy.mk/alatki-mob/34-majkite-raskazaa/843-tamara-popovska#sigFreeIdc977a773db