fbpx

„Толку си мала, а толку голема радост ни донесе“, беа првите зборови со кои Дејан ја соопшти најубавата вест за раѓањето на својата ќеркичка.  

За бременоста на мама Александра се грижеше д-р Гордана Петровска, кон која упати голема благодарност.

„Пресреќни сме.Ѝ благодарам на д-р Петровска за професионалноста и грижата за мене и за Лина. Убаво е чувството да се биде мајка, а благодарение на прекрасниот тим, сè заврши одлично и денес сме горди родители на малата Лина“, вели Александра.

Уживајте во прекрасните семејни фотографии на Александра, Дејан и Лина.