fbpx

Зошто се јавува болка во грбот за време на бременоста?

Дури пола од жените имаат болка во грбот во одреден период од бременоста. Болката во грбот е од повеќе фактори, кои вклучуваат нарушување на центарот на рамнотежа предизвикано од зголемената матка, зголемена подвижност на зглобовите како резултат на зголемениот хормон релаксин, кој доведува до истегнување на лигаментите, кои се осетливи на болка. Третманот е масажа, чевли со добра поддршка, добра програма на вежбање за зацврстување на мускулите.