fbpx

На 17 ноември дојде на свет првата радост на Бојана и Патрик, малиот Марко, и донесе огромна среќа и љубов во домот. За бременоста на Бојана одговорен бил д-р Никола Панчевски, кому родителите му се неизмерно благодарни за целокупното внимание и стручност. Доктор за кој велат не постојат пречки, со неговата професионалност сè поминува во најдобар ред.

„Покрај неизмерната благодарност кон д-р Панчевски, му благодариме и на целокупниот персонал кој учествуваше во процесот на породување, за беспрекорната поддршка, толерантност, љубезност и професионалност од самиот почеток до крајот. Целиот тим придонесе моментот на доаѓање на новиот член во семеството да се доживее како најубаво, напозитивно и најпосебно чувство и да остане во нашите сеќевања за цел живот. Повеќе од сигурни сме дека го направивме најдобриот избор за тоа каде да се роди нашето бебе“ – објаснија Бојана и Патрик