fbpx

Безболно породување – едукативно предавање за идните мајки

Д-р Маргарита Ловач Чепујноска, анестезиолог од „Аџибадем Систина“ на присутните трудници им го објасни начинот на кој се поставува епидуралната и спинална анестезија, до кој степен се постигнува обезболување за време на сите фази од процесот на породување и уште многу други важни информации за типовите анестезија. Преку илустрирана презентација идните мајки имаа можност чекор по чекор да видат како оди процесот на обезболување. По предавањето следуваа прашањата на трудниците кои во најголем дел беа бремени за првпат и досега немале претходно искуство и познавање на оваа тема. И оваа среда присутните трудници добија подарок, овојпат  од  нашите пријатели од Гинекаликс.

Следното предавање од циклусот едукативни предавања во Аџибадем Систина е на тема - Нега на новороденче. Ќе се одржи на 17.08 (среда) а предавач ќе биде педијатар, неонатолог од Аџибадем Систина.