fbpx

И породувањето може да биде убаво искуство доколку си во добри раце

На 9 фeвруари нашите животи добија нова димензија. На овој ден ја слушнавме најубавата мелодија на овој свет, плачот на нашето бебе, првиот плач на Борјан.

Како и секоја бременост така и мојата на моменти ми носеше одредена неизвесност, среќа, на моменти и чувство на страв, знаев дека сум најдобрите раце,  дека мојата бременост е под контрола од еден професионален доктор, пред сè човек, пријател и личност која и во најнеизвесните моменти знае стравот и неизвесноста да ги претвори во шега. За мојата бременост да заврши како едно убаво искуство и со среќен крај беше задолжен д-р Златко Палчевски, за кого сметам дека секој збор е премал и недостоен да се опишат неговите борбеност, професионалност и човечност

Голема благодарност и до останатиот персонал на „Аџибадем Систина” што се погрижија нашиот престој таму да биде одмор и уживање.

Кога станува збор стручноста и професионалноста, “Аџибадем Систина” ќе биде секогаш нашиот избор – вели Далиборка.

Борјан, Acibadem Sistina Baby ти посакува безгрижно детство и многу насмевки, а на мама Далиборка и тато Иљчо им честитаме за новата улога како родители и им посакуваме среќна и здрава фамилија!