fbpx

Веднаш на лекар

Во текот на бременост може да се јават тегоби кои не треба да ги игнорирате. Ако ги почувствувате следниве симптоми не чекајте, веднаш на лекар: Крварење, силна болка во стомакот, истекување на течност преку вагината, прекумерно повраќање, црвенило, оток и болка на еден од долните екстремитети, регуларни стегања на стомакот кои стануваат се почести и појаки, главоболка заедно со проблеми со видот, покачен крвен притисок и отоци кои по одмор и спиење не се повлекуваат, слаби движења на плодот или кога воопшто не ги чувствувате неговите движења.