fbpx

Нов циклус бесплатни предавања за идни родители

Со големо задоволство го најавуваме почетокот на уште еден циклус бесплатни предавања за идните родители, кој стартува в среда, на 29 јануари 2020 година. И во овој циклус за вас подготвивме интересни содржини и подароци. Нашите доктори, медицински сестри и акушерки се тука за да дадат одговор на секое ваше прашање и дилема поврзана со бременоста. 

В среда стартуваме со темата „Промени и задолжителни скрининзи за време на бременоста“, а предавач е д-р Александар Бојаџиев, гинеколог-акушер. Во наредното предавање, пак, ќе дознаете кога се прави фетална ехокардиографија и зошто овој преглед е еден од најбитните за трудницата и бебето, но и за најчестите срцеви мани кај децата.

Со задоволство ве очекуваме да дојдете во голем број, заедно да се едуцираме за здрава, среќна и лесна бременост. Почнувајќи од март 2015 година до денес, на нашите предавања многу трудници споделуваа свои искуства, среќни мигови, но и им поставуваа прашања на нашите доктори.

Наши драги идни родители, бидете и вие дел од најпосетуваните предавања.

Предавањата се од отворен карактер и на нив може да се пријават сите трудници и нивната придружба. За секоја трудница подготвуваме интересен подарок од нашите Acibadem Sistina BABY пријатели. Најавата може да ја направите во нашиот контакт-центар на 02 30 99 500 или на е-пошта Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Подолу можете да ја погледнете целосната програма.

Се гледаме секоја среда во 19 часот во Acibadem Sistina!