fbpx

Совети за здрави деца

Децата се најголемо богатство, а нивните насмевки го прават секој дом исполнет и среќен. Но во детската возраст кога децата се развиваат и имаат менлив имунитет често знаат да се појават проблеми со нивното здравје. Родителите се загрижени и ќе сторат се само да не го гледаат своето дете болно и тажно. Токму затоа има голема вистина во поговорката „здрави деца – среќни родители. Во продолжение ви препорачуваме неколку задолжителни совети за вашето малечко да биде здраво, среќно и насмеано.  

Настинка, алергија или алергиска астма

Во текот на целата година дечињата се соочуваат со тешкотии, од кои некои се предизвикани од вдишувачките алергени. Симптомите на алергиска осетливост на дишното стебло се манифестираат со кашлици, кои можат да имаат различен тоналитет, го прекинуваат квалитетот на детскиот сон или кашлици кои траат повеќе од 15 дена. Пропратно на тоа може  да се појави свирењето во градите, како при мирување така и при активност, потоа отежнато дишење и глад за водух. Симптомите на почетокот се манифестираат со тешкотии од лигавицата на носот, бистра, воденеста носна секреција, може да има чешање на носот, кивање во салви и затнат нос. Третманот е насочен кон разрешување на посочените потешкотии, детекција на причините за кашлицата и внесување на лекови со цел да се намали алергиско-воспалителната компонента. Честа појава е и продолжување на овој проблем и развој на алергиската астма, која се јавува кај младите лица заради генетска предиспозиција кон развој на алергија од домашен прав, мувли или други алергени кои ги имаме во домовите. Секое дете кое во првите 7 години од животот, како и подоцна има чести горно-респиратпрни потешкотии (носна лигавица, нос и кашлици) со честотата во тек на една година повеќе од 4-5 пати задолжително треба да се направи испитување од страна на педијатар-пулмоалерголог.

Естетска корекција на клемпави уши

Корекцијата на ушите е хируршка интервенција со која се корегира положбата и обликот на ушните школки кои се премногу испакнати и одвоени од главата. Освен големината и положбата на ушињата тие може и целосно да се моделираат. Најчесто се препорачува да се направи откако детето ќе наполни 6 години, а рскавицата на школката е помека и полесна за обликување. Резот се прави зад ушињата и се моделира рскавицата, големината и формата. Интервенцијата трае од 1 до 2 часа, а добра околност е што лузната за кратко време зараснува. Се прави во општа или локална анестезија, па нема место за паника и страв, вашето дете воопшто нема да ја почувствува болката .

Деформитети на стапалото

Најчест проблем кај децата се рамните  или искривување на стапалата навнатре, деформитетите кои се јавуваат заради одење по рамни и тврди подлоги и намалена физичка активност. Овој вид на деформитет може да се коригира со вежби за стапала или носење на анатомски влошки и чевли, кои се препорачуваат за децата уште од најмала возраст. Влошките даваат анатомска потпора на сводот на стапалото со заштита во пределот на глуждот. Доколку станува збор за посложен проблем може да се реши и хируршки со мекоткивна или коскена интервенција. Затоа, се препорачува родителите да се придржуваат до задолжителните ортопедски контроли на 18 месеци, 3 и 5 години.

Со вежби до правилен развој на `рбетниот столб

Коскено-мускулниот систем кај децата во развој под влијание на внатрешни и надворешни фактори е подложен на различни деформации. Наследниот фактор, лошото држење на телото, претешки училишни торби, долготрајно седење пред компјутер или недоволна физичка активност можат да доведат до нарушување на статиката на рбетниот столб и до појава на кифоза и сколиоза. Раното детектирање е предуслов за негово успешно лекување и зависно од степенот се користат корективни вежби и помагала за корекција, индивидуално изработен програм со тераписки вежби адаптирани за секое дете. Само добро одработена и во целост применета кинезитерапевтстка програма од медицински лица може да доведе до стопирање на развојот на деформитетот и целосна корекција.

Вродени генитални проблеми кај децата

Еден од најчестите проблеми кај машките новороденчиња е хипоспадијата, каде отворот на уринарниот канал се развива абнормално. Полесните проксимални форми на хипоспадии каде отворот е на врвот на главата или средишниот дел од телото на пенисот, се оперираат меѓу 12 и 18-месечна возраст. Дисталните форми на хипоспадија се чести и се придружени со искривување на пенисот и неспуштени тестиси. Во соработка со светски познатиот проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ се решаваат сите вродени аномалии на урогениталниот систем кај децата.

Здрава исхрана-здраво дете

Исхраната на децата е клучен фактор во растот на секое дете и влијае на правилниот психофизички, социјален и менталниот развој. Во насока на градење правилен став кон храната, најголема улога има семејството  и семејните навики на исхрана. Родителите во голема мера можат да влијаат врз тоа дали детето ќе им биде пребирливо во исхраната, па често прават грешки - го пуштаат детето да јаде што сака, кога сака и колку сака. Оброците треба да се јасно дефинирани како по калорискиот внес така и по времето во кое се конзумираат, три глави оброци и две ужинки, без земање храна во меѓувреме (грицки, чоколади,газирани напитоци).За доручек и ручек енергетски богата храна (леб, сирење, јајца, месо, зеленчук), за вечера полесна храна, најчесто млеко со житарки, кои даваат чувство на ситост и спокоен сон. Храната која децата ја конзумираат треба да е со сочувана биолошка и хранлива вредност, здравстевно безбедна, хигиенски исправна и со добри органолептички карактеристики (вкус, мирис, боја), што е од посебно значење за децата.

Здрави детски заби, убава и неодолива насмевка

Родителите треба да почнат со орална хигиена веднаш по раѓањето на детето се до оној момент додека децата не стекнат навика сами. Првата посета на стоматолог треба да биде околу првата година, односно шест месеци по никнување на првото запче. Оваа посета е  многу битна за да се едуцираат родителите како да ја одржуваат оралната хигиена на нивното дете и да го превенираат циркуларниот кариес. Најголема предност е што на детето му се создава навика за посета на стоматолог, што придонесува во иднина посетите да бидат без стрес и анксиозност. Децата до три години може да седат заедно со родителот на стоматолошката столица или да ги држат за рака. Предност е, доколку детето го дозволува тоа, родителот да остане во чекална, за да се изгради подобар однос со докторот. Во зависност од возраста се прави рутински преглед на: непцата, загризот, запчињата и усните. За време на стоматолошкиот преглед се чистат меките наслаги, се едуцираат децата како правилно да ги четкаат забите, се залеваат фисурите, се прават снимки и други неинвазивни третмани.