fbpx

Нов циклус предавања за идните родители

Почитувани идни родители, ве известуваме дека бесплатните предавања за здрава и безбедна бременост ќе продолжат и во текот на летните месеци.  Ве очекуваме и на високите температури, заедно да се дружиме и едуцираме за најважните теми кои треба да ги знае секоја бремена жена и нејзиниот партнер. Погледнете ја програмата со распоред на темите за следните два месеци. Заедно со нас ќе бидат и нашите BABY пријатели кои секоја среда подготвуваат подарок изненадување за присутните.

Вечерва ве покануваме на предавањето на тема – Задолжителни скрининзи за време на бременоста, предавач ќе биде д-р Даниела Јованова, гинеколог, акушер од Аџибадем Систина.