fbpx

Мега популарната пејачка Нора Истрефи роди девојче во „Аџибадем Систина“

Мега популарната поп и R'n'B пејачка Нора Истрефи на 15 мај го доби најубавиот подарок во „Аџибадем Систина“. Тимот предводен од д-р Златко Палчевски со царски рез ја донесе на свет малата Рене. Истрефи важи за една од најпопуларните пејачки во Косово и во Албанија. Музичката кариера ја почнува на 18-годишна возраст. Досега има издадено голем број албуми и хит синглови. Истрефи ужива особена популарност на социјалните мрежи и нејзиниот You tube канал со милионски прегледи на нејзините видеа.

За „Аџибадем Систина“ се одлучила бидејќи за неа претставува здравствена институција на која ѝ верува и токму затоа го доверила нејзиното здравје и животот на своето бебе.

„Ја одбрав ’Аџибадем Систина’ по препорака на моите најдобри пријателки кои имаат одлично искуство во вашата болница. Со д-р Палчевски се познаваме од порано, тука доаѓав на редовни прегледи и одлучив тука да се породам. Не велам дека во мојата држава нема добри доктори, но нема толку добро опремена болница со најсовремени услови како ’Аџибадем Систина’. Пред сè ми беше важно моето и здравјето на Рене. Вие имате услови, опрема и доктори кои може да одговорат на сè. Презадоволна сум од условите тука, ова не наликува на болница туку на удобен хотел во кој ги добиваш најдобрите здравствени услуги“, вели Истрефи.

Бременоста и мајчинството е најубавата улога во животот

„Пресреќна сум, имам силни измешани чувства кои не можам да ги објаснам сега. Но, дефинитивно ова е најубавото нешто што ми се случило во животот“, раскажува Нора за новата улога на мајка. Бременоста се одвивала нормално. До 6. месец имала јавни настапи, а потоа целосно се посветила на бременоста. „Можам да кажам дека имав лесна бременост. На почетокот во првите три месеци имав утрински мачнини, но по тоа сè беше в ред. Се трудев да се хранам здраво, вежбав, пиев многу вода и ги слушав препораките на д-р Палчевски. Бидејќи имам јавна професија продолжив со мојата работа до 6. месец од бременоста.

Го сакав најубавото име за мојата ќерка

Беше многу тешко да го направам изборот за името бидејќи сакав да го одберам најубавото име за мојата принцеза и одбрав многу имиња. Првото име кое најмногу ми се допадна беше Рене бидејќи е уникатно во мојата земја и надвор од неа, а јас тоа и го сакав. Исто интересно е што првата буква на името на ќерка ми е иста со мојот сопруг Роберт.

Пауза на музички план

Мајчинството бара посветеност и грижа. Токму затоа, Нора Истрефи најави дека паузата на музички план е сосема очекувана во следните месеци додека Рене не порасне. „За грижата на Рене ќе биде задолжено целото семејство. Мојата мајка, свекрва ми, сопругот. Возбудена сум што заминувам дома“, изјави Истрефи на заминувањето од болница.