fbpx

Правилна нега и грижа за новороденчето

Мајчинството е една од најодговорните улоги, посебно кога станува збор за прво дете и ново искуство. На вчерашното предавање д-р Душко Фидановски на идните родители им ги посочи основните принципи за нега на новороденчето меѓу кои грижата за папочето, грижата за кожата, ги советуваше како полесно да ги надминат бебешките грчеви, даде совети за доењето и предноста на мајчиното млеко, која е оптималната температура во собата за престој и уште многу корисни информации поврзани за грижата на бебето. На предавањето присуствуваше и акушерката Снежана Димова.

Идните родители во досега рекорден број присутни на предавањето со однапред подготвени прашања се интересираа за уште многу детали околу грижата на новороденчето во првите денови од животот. На сите одговор им даде д-р Фидановски и ги охрабри дека покрај правилата, грижата за бебето е инстиктивна и треба да се опуштите и да уживате во новата улога на мајка.

Следното предавање на 9-ти март а темата е Нега на кожата во бременост на која ќе предава специјалист по дерамтологија. Регистрирајте го вашето присуство на 02 30 99 500.