fbpx

Здрава исхрана во бременоста

Како треба да изгледа дневното мени на секоја идна мајка која ќе овозможи правилен раст и развој на плодот беше дел од многуте теми на разговор на вчерашното предавање во Клиничката болница Аџибадем Систина. Д-р Александра Хаџи – Димова ги едуцираше идните мајки кои намирници треба да бидат основа во секојдневната исхрана, а кои треба да ги одбегнуваат со цел да ги добијат сите потребни хранливи материи и да не го оптоваруваат организмот. Присутните на предавањето имаа можност да добијат и информации за типот на исхрана при анемија која честопати е присутна во подоцнежната бременост. По предавањето, д-р Хаџи – Димова одговори на многуте прашања на идните мајки поврзани со здравиот начин на исхрана.

Следното предавање на тема – Промени во бременоста за кои е потребен лекарски преглед ќе се одржи во среда (03.02.2016). Предавањата се бесплатни и отворени за сите заинтересирани идни мајки. Регистрирајте го вашето присуство на 02/30 99 500.