Третата среќа во семејството Туфекчиеви
Ема и Ана нестрпливо трчаа низ ходникот чекајќи го малото братче Давид и се договараа меѓусебно која прва ќе го земе во раце. Вистинска среќа и ведрина донесе третото дете во животот на мама Јелена и тато Бојан. Од друга страна новиот член си носи и дополнителни обврски, но се изгледа толку едноставно кога ќе те погледнат најубавите мали очи. Насмевката на лицата на целото семејство само ни го потврди фактот дека детската искреност и љубов го прават светот поубав.
„Д-р Слободан Дракулевски е нашиот доктор кој не го менуваме. Тој ги водеше сите три бремености и се помина најдобро. На сите жени им го препорачувам овој вистински професионалец. “ раскажа Јелена за искуството со д-р Дракулевски.
https://acibademsistinababy.mk/majkite-raskazaa/34-majkite-raskazaa/465-david-tufekciev#sigFreeId2f3ef8baa2