fbpx

Малата Фросина си дојде по братчето Рајан

На 12 јуни се роди малиот Рајан, втората радост на семејството Иса. Мама Јасмина и тато Јазид се пресреќни и едвај чекаат да си одат дома со новиот член.
Најсреќна од сите беше шест и полгодишната сестричка Фросина, која не можеше да ја сокрие возбудата.
Семејството Иса изрази голема благодарност до д-р Даниела Јованова, која била одговорна за бременоста на Јасмина и за безболното породување.